Светската боксерска легенда Марвин Хаглер почина на 66. годишна возраст, објави неговата сопруга Кеј Хаглер. Марвин е поранешен светски првак во средна категорија и еден од највпечатливите и најдобри боксери на сите времиња.

Забележа 62 победи на 67 меча, а 52 од нив беа со нокаут. Особено легендарна е битката со Томас Хернс во 1985 година, што медиумите ја нарекоа “Боксерската војна“ и ја доби Хаглер со нокаут во третата рунда, а беше вистински спектакл.

Првата рунда од тој меч е прогласена за боксерски класик и е една од највпечатливите на сите времиња.