Најдобриот македонски маратонец и двократен победник во ФИНА Светскиот куп за отворени води, Евгениј Поп Ацев го имаше својот прв настап по годиина и пол.

Поп Ацев настапи на првата трка од ФИНА/ЦНСГ Светската серија на маратони од 10км која се одржа во Доха Катар. На трката учествуваа 99 пливачи, од кои 66 мажи и 33 жени. Евгениј Поп Ацев го освои 53. место со време од 1:59.47.

Победник кај мажите е Марк Антоан Оливие од Франција, додека кај жените Ана Марсела Куња од Бразил.

Следната трка од ФИНА серијата е на 9. мар на Сејшели.

Оваа година серијата брои вкупно десет трки од кои едната е во Токио, Јапонија како квалификациска за Олимпијадата во Токио 2021.