Жарзињо Пиетер, голман на фудбалската репрезентација на Куракао, е пронајден мртов во неговата хотелска соба на Хаити, каде требаше да се игра натпревар од второто коло од КОНКАКАФ Лигата на нации.

Се уште не е познато што е причината за смртта, но голманот во текот на денот се пожалил дека не се чуствува добро.