Македонија синоќа го почна првенството со загубен меч. Ракометната репрезентација беше убедливо поразена од Шведска со 32-30 во првото коло од Светското првенство во Египет, а селекторот Данило Брестовац вели дека очекува подобро издание на националниот тим во дуелот со Египет.

„Сакам да им честитам на Швеѓаните, тие беа подобри од нас, подобри во ситуациите еден на еден и заслужија да победата. Се надевам повторно ќе се сретнеме во блиска иднина. Се надевам дека ќе бидеме подобри против Египет, ќе се подготвиме за тој дуел и се надевам ќе оствариме добар резултат“, вели Брестовац.