Вечното дерби помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан заврши без победник 1-1. Дербито изобилуваше со многу тензија како на трибините така и долу на теренот.

Во 87 минута настана општа тепачка меѓу фудбалерите откако посериозно беше повреден Боачи од Црвена Ѕвезда. Тоа беше повод за меѓусебни туркања во кои мораше да реагираат клупите за резервни играчи но и обезбедувањето.