По машкиот тим на Металург од вчера во самоизолација е женскиот тим.  Две ракометарки и двајца тренерите се позитивни.

Последните тестирања потврдија присуство на коронавирус кај две ракометарки и кај двајца од нашиот стручен штаб. За жал, тоа веројатно не е и последната бројка на заболени, бидејќи тестирања се прават и денеска.

Како општествено одговорен субјект ја информираме јавноста за новонастанатата состојба и објавуваме дека комплетниот тим и стручниот штаб се повлекуваат во двонеделен карантин“, известија од таборот на ЖРК Металург.