Македонската фудбалска репрезентација со победа 0-2 се враќа од гостувањето во Лихтенштајн. Ова беше многу важна победа за враќање на самодовребата по високиот пораз од Ерменија.

Бодрени од нашата дијаспора од Швејцарија и Австрија нашите фудбалери иако не воодушевија со играта се враќаат во Скопје со чиста сметка. Мора да се победи Гибралтар за да се осигура пласманот во завршната фаза од Лигата на нации која може да не одведе на Европското првенство.

Во првото полувреме иако Македонија напаѓаше не дојде во стопроцентна прилика за гол и најчество беа во офсајд позиција.

Но во вториот дел нашите прикажаа далеку поангажирана игра која резултираше со евроголот на Енис Барди во 53 минута од слободен удар. Играчот на Леванте беше еден од најдобите на мечот, заедно со Пандев кој погоди статива во 69 минута. Завршницата ја имаше Нестороски во 90 минута.

Во другиот меч од нашата група Ерменија беше подобра од Гибралтар на гостински терен.

Последниот меч од оваа фаза во Лигата на нации Македонија го игра во понеделник со Гибралтар на домашен терен во 20 часот и 45 минути