Во дуелот на двата најголеми фаворита за да го освојат тронот во Источната конференција на НБА лигата, Бостон селтикс и Торонто репторс, беше неопходно да се одигра продолжение за да се дојде до победник. На крајот, домашните „Келти“ беа поуспешни и славеа со 123-116.

Таквиот резултат го отсликува и индивидуалниот дуел на двајцата најдобри кошаркари на двата тима, Кајри Ирвинг за Бостон и Кавај Леонард за Торонто. Подобар во тој дуел беше плејмејкерот на Бостон, кој мечот го заврши со 43 поени и 11 асистенции, додека Леонард имаше учинок од 31 поен и 15 скокови.

По овој дуел, Торонто остана на првото место на Истокот со скор 12 победи и четри порази, додека Бостон полека се искачува кон врвот по слабиот старт на сезоната и дојде до деветтата победа во 15 одиграни натпревари.

Резултати од синоќешните натпревари

Бостон – Торонто  123-116 (прод.)

Индијана – Мајами  99-91

Мемфис – Сакраменто  112-104

Филаделфија – Јута  113-107

Вашингтон – Бруклин  104-115

Минесота – Портланд  112-96

Њу Орлеанс – Њујорк  129-124

Милвоки – Чикаго  123-104