Во Сараево денеска беше погребан Ивица Осим. Од него емотивно се прости еден од неговите омилени играчи Драган Стојковиќ.Пикси рече дека Осим бил шармер и оти бил омилен во цела поранешна Југославија.

Беше многу интелигентен, секоја негова реченица имаше пошироко значење, не користеше фрази и секогаш испраќаше јасна порака што сака и која е неговата намера. Само ние Балканците можевме да го разбереме тоа на вистински начин. Освен во космополит, тој се чувствуваше добро во Загреб, Белград и Скопје – Љубљана, Титоград, Нови Сад, Приштина – и го сакаа насекаде. Накратко, тој беше Југословен. Да дојдеме во Сараево и да му оддадеме последна почит е најмалку што можеме да направиме за таков човек со отворено срце.