Претседателот на Реал Мадрид и претседател на Европската Суперлига, Флорентино Перез останува уверен во проектот за новото натпреварување. Според него, досега никој не го напуштил списокот на учесници, и покрај изјавите.

– Не се плашиме од одмазда од УЕФА или ФИФА. Ако мислите дека Суперлигата е мртва, апсолутно не сте во право. Досега никој не ја напушти Суперлигата. Никој не плати провизија за ова. Потпишаните договори се обврзувачки. Клубовите од Премиер лигата не можат само да си заминат. Ние нема да поднесеме тужби, но тоа се сериозни луѓе и заедно ќе најдеме решенија, изјави Перез за „Ел Ларгуеро“