Фантастична атмосфера владееше во Битола на мечот Еурофарм Пелистер и Аек Атина. Целиот капацитет во салата беше распродаден и навивачите ги бодреа за пласман во втората фаза.

Во Битола имаше и гостински навивачи кои се пречекани со знамето со сонцето од Вергина и порака дека „нашата земја е Македонија без никакви придавки“.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на АЕК од Атина со 30:19, со што се пласираа во осминафиналето на Лигата на Европа. Таму противник ќе им биде хрватски Нексе.