Денвер славеше против Оклахома и ја впиша 19 победа ова сезона, а Никола Јокиќ одигра одлична партија уфрлувајќи 24 поени со 15 асистенции и 9 скокови.

Тензијата беше присутна за време на целиот натпревар, а ескалираше по конфликтот со Расел Вестбрук и Мареј. Дојде до физички контакт, а потоа се вклучи Јокиќ. Србинот имаше што да каже на НБА суперѕвездата што доведе тие двајцата да се судрат, но само вербално бидејќи останатите играчи одма ги разделија.

Резултати од синоќешните натпревари

Денвер – Оклахома сити  109-98

Бостон – Атланта  129-108

Шарлот – Њујорк  124-126 (прод.)

Бруклин – Вашингтон  125-118

Кливленд – Милвоки  102-114

Филаделфија – Индијана  101-113

Мемфис – Мајами  97-100

Портланд – Торонто  128-122

Сакраменто – Голден Стејт  125-130