Капитенот Горан Пандев се повреди на денешниот дуел на неговата Џенова против Болоња. Тој се пожали на болка во коленото и самиот го напушти теренот.Ова е лоша вест за Македонија која на 26 март ќе го игра дуелот против Косово во Лигата на нации.

Да се надеваме дека не е ништо сериозно и оти ќе биде спремен за мечот на деценијата за националниот тим.