Легендата на Вардар откри зошто тој и неговиот пријател Илија Најдоски не се повеќе дел од раководството на клубот.Тој во интерју за „Вечерњи лист“ објасни дека по пласманот во Лигата на Европа ,наместо да се донесат квалитетни засилувања, амбициите се намалиле и затоа резултатите биле лоши.

Се случуваше нешто чудно.Ние дојдовме да го подобриме квалитетот на екипата и да станеме конкурентни во Европа.Тоа и го направивме со исфрлањето на Фенербахче.Клубот заработи доста пари и очекуваме тие средства да се вложат во уште подобри играчи.Но тоа не се случи-објасни „Кобра“.