РК Вардар на гостувањето во Унгарија кај тимот на Веспрем в сабота ќе биде воден од нов тренер. Стратегот кој ја водеше екипата од почетокот на сезоната, Давид Писонеро е прекомандуван во асистент и тој продолжува да биде дел од клубот, но со поинаква улога.

На тренерската позиција е поставен спортскиот директор и селектор на Русија, Едуард Кокшаров кој ќе ја води екипата на натпреварот против Веспрем, на кој вардарци ќе се обидат да го поправат впечатокот од тешкиот пораз кој го претрпеа од Кил.

Од европскиот ракометен шампион нема информации дали ова е само принудно решение или можеби Кокшаров ќе остане на клупата на Вардар подолг временски период.