Македонската легенда Дарко Панчев во 1992 година беше еден од најбараните фудбалери во Европа. Неговата фантастична форма во дресот на Црвена Звезда го привлече вниманието на екипи како Реал МадридБарселона и Манчестер Јунајтед.

На крај, популарната „кобра“ замина во Интер, каде не се прослави и ги одигра најслабите години во својата кариера. 28 години од овој трансфер, нашиот интернационалец ја призна грешката која што ја направил.

„Мојата најголема грешка беше преселбата во Интер. Отидов во тим со многу лоша атмосфера, која игра дефанзивен фудбал. Како странски фудбалер, не бев поддржан и сите ме гледаа поинаку, па имав проблем да се прилагодам. Грешката е само моја затоа што можев да бирам помеѓу Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед и други врвни екипи кои во тоа време ме бараа“, вели Панчев.