Девојката што го обвинува Нејмар за силување е бразилска моделка, којашто го запознала бразилскиот фудбалер преку Инстаграм. Се вика Наџила Триндаде Мендес де Соуса, има 26 години (родена е на 15 март 1993 година) и е моделка. Нејзини родители се Ивон Сантос де Триндаде и Едивал Сержо Мендес де Соуса. Родена е во округот Дарио Меира во државата Баија, но живее во Сан Пабло.
Наџила го обвинува Нејмар дека ноќта на 15 мај ја силувал во еден хотел во Парис. Токму фудбалерот ја поканил да дојде во француската престолнина, при што ги платил сите трошоци за патувањето и сместувањето на девојката.
Како што се наведува во обвинението, во хотелската соба тие двајцата разговарале и разменувале нежности, но во еден момент Нејмар, која наводно бил поднапиен, станал агресивен и применувајќи сила имал сексуален однос со девојката против нејзина волја.
Фудбалерот категорично ги отфрли тврдењата за силувања, велејќи дека нивниот однос бил доброволна средба на маж и жена межу четири ѕидови. Притоа Бразилецот објави и серија интиомни пораки што ги раменувал со моделката.
За кариерата на Наџила, која по инцидентот со Нејмар ги затвори своите профили на социјалните мрежи, нема премногу информации. Таа е дел од музилкиот спот на пејачот Зула за нумерата „Фого Крусадо“, каде што се појавува во неколку провокативни пози.
Во целата приказна, свој став даде и поранешниот сопруг на Наџила, Естивенс Алвес, кој застана во одбрана на својата поранешна партнерка, за која изјави дека има добар и мирен карактер. Тој додаде дека нивниот петгодишен син станла цел на вербално малтретирање откако Нејмар во своја одбрана објавил видео со интимните разговори со девојката во кое се појавува името на детето.
Кога го носиме во школо мора да внимаваме на него се додека не влезе во зградата. Нејмар е јаван и славна личност, но мојот син не. Потекнувам од скромно семејство, а исто така и мајката на моето дете. Во општеството во кое живееме, со ова што се случува премногу влијае на секојдневието на едно дете – изјави Алвес.
Comments are closed for this post.