Првоосомничениот за претепувањето на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина како последица на повредите, Ангело Ѓоргиевски, е повеќекратен деликвент осудуван за трговија со дрога во Словенија, објави порталот „24 Инфо“.
Ѓоргиевски, кој е роден во Марибор, во јуни 2016 година во центарот на градот направил тешка сообраќајка. Тој со својот автомобил „фиат пунто“ удрил во пет паркирани автомобили и избегал, но набргу бил фатен од полицијата.
Тогаш криминлистите од Марибор влегле во трага на банда дилери на дрога, меѓу кои и Ѓоргиевски. Во октомври истата година во Шентиљ полицијата открила лабораторија за производство на синтетички дроги. Меѓу другото имало и ГБХ (гамахидроксибутират) кој спаѓа во категорија на депресори на нервниот систем или средство за успивање и позната како дрога за силување. Во лабораторијата биле запленети амфетамини и марихуана.
По Ѓоргиевски е распишана централна потерница, што значи дека полицијата смета дека тој е во земјава. Но, ако се има во предвид дека живее во странство, не е исклучено тој да ја напуштил Македонија.
Comments are closed for this post.