Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија, денеска на пладне ќе бидат пуштени во продажба билетите за реванш мечот од баражот со Чешка за пласман на СП. Натпреварот се игра на 17 април во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а еден билет за овој спектакл ќе чини 100 денари.

Истите ќе можат да се купат онлајн на mktickets.mk, а ќе можат да се купат и во сите продажни места на МК Тикетс низ дражвата.