Една од најдобрите јужно-американски и светски фудбалски селекции Уругвај и во иднина ќе биде предводена од искусниот стартег Оскар Табарез.

Тој веќе 12 години ја предводи уругвајската репрезентација, а денеска потпиша нов четиригодишен договор. Уругвај на Светското првенство во Русија беше елиминиран од Франција во четвртфиналето.

Доколку ги поминe квалификациите 71-годишниот Табарез четврти пат ќе го предводи Уругвај и на Мундијалот во 2022 година.