20-годишната Наоми Осака е првата јапонска тенисерка која освоила грен слем турнир, таа во финалето на УС Опен ја победи Серена Вилијамс со 2-0 (6:2 6:4)во меч кој беше исклучително контроверзен.


Првиот сет го доби Осака убедливо со 6-2, а вистинските возбудувања се случуваа во вториот сет. Американката поведе со 1-0, па преку брејк и со 3-1, но направи две двојни сервис грешки во низа, и Осака со ри-брејк се врати во игра и намали на 3-2. Поради кршењето на рекетот Вилијамс доби нова опомена од главниот судија и загубен поен во шестиот гем, по што влезе во голема криза и Јапонката со нов брејк поведе со 4-3.

За Серена ова е нејзин втор пораз во едно финале на УС Опен, откако во 2011 година беше немоќна против Саманта Штосур. Во својата кариера од вкупно 23-те Грен слем трофеи дури шест ѝ се од терените во Њујорк.