Аргентинецот обезбеди финале откако неговиот противник Рафаел Надал го предаде плуфиналето поради повреда на коленото и со тоа не успеа да ја одбрани титулата од минатата година.

Во второто полуфинале Ѓоковиќ доминираше против Јапонецот Нишикори. Српскиот тенисер без загубен сет го доби полуфиналето против Кеи Нишикори, а по сетови резултатот беше 6:3/6:4/6:2.

Со пласманот во финалето, Србинот си го завери и местото на завршниот Мастерс во Лондон.