Фудбалските ѕвезди на Парис Сен Жермен, Нејмар и Килијан Мбапе, беа меѓу главните гости на ексклузивната прослава на роденденот на моделката Синди Бруни, која е во врска со, исто така, фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати.
А, токму оваа прослава на 25. роденден на Бруни беше место на собирање на кремот на фудбалскиот и светот на модата и едно од главните ноќни случувања за време на Париската модна недела.
Токму тоа им даде шанса на Нејмар и Мбапе, да уживаат во луксузниот хотел „Лутесиа“ во друштво на серија топ модели на забавата што траеше до доцна во ноќта.
Comments are closed for this post.