Откако доби фрактура на прстот на раката за време на победата против Бетис, напапаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе биде опериран во недела, но пред тоа, тој сака да настапи против Севиља.

Францускиот стрелец изрази желба да игра во сабота, на домашен терен, против бело-црвените, а еден ден подоцна да се подложи на интервенцијата.

По неа, Карим ќе биде надвор од терените околу две недели.

„Кралевите“ имаат големи проблеми во нападот, каде повредени се Герет Бејл, Марко Асенсио и Маријано Дијаз.

Бензема се очекува да остане надвор од групата за вечерашниот меч со Леганес – реванш за Купот, кој изгледа протоколарен, откако првиот заврши со победа од 3:0 за Реал Мадрид.