Легендата на фудбалот во Македонија, Горан Пандев, откри дека како мал бил вљубен во Црвена звезда, а пример во детството му бил Дејан Савиќевиќ.

На прашањето на децата, кој му бил пример кога бил мал, Горан Пандев искрено одговори:

– Кога бев дете, омилен играч ми беше Дејан Савиќевиќ. Голем шампион! Многу ми се допаѓаше неговиот стил на игра. Беше левак, а играше за клубот на моето срце, Црвена звезда. Дали стигнав како него? Не. Но, јас сум среќен со мојата кариера!