Македонија во 12 часот ќе ги добие своите ривали против кои ќе се бори да избори пласман на ЕВРО 2024 година во Германија. Од моментот кога селекторот Благоја Милевски пристигна на кормилото на репрезентацијата, укажува на тоа дека националниот тим се подготвува за овие квалификации кои ќе стартуваат во мај, а денеска во 12 часот во Франкфурт ќе дознаеме со кои репрезентации ќе ги одмериме силите.
Силни и атрактивни ривали, или репрезентации со кои може да се надигруваме и да бараме позитивен резултат? Тоа е вечната дилема кога станува збор за македонскиот национален тим, но факт е дека никогаш преку регуларни квалификации Македонија не успеала да се пласира на едно големо натпреварување. Единствениот настап на ЕВРО 2020 беше преку Лигата на Нации, кога со победата над Грузија во Тбилиси, македонската селекција обезбеди учество на ЕП, досега единствено.
Холандија, Шпанија, Италија, Белгија, Англија, Франција… се дел од селекциите од европскиот „крем“ кои може да се паднат, но има тука и селекции кои може да се минат, па дури и во првиот шешир како Унгарија, Полска, Швајцарија, а од вториот Чешка, Велс, Израел, БИХ, Шкотска…
Македонија се најде во четвртиот шешир, и не може да игра против селекциите на Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови. Може да имаме група и со шест репрезентации, доколку бидеме во една од групите со толку селекции, односно да треба да се влече од шестиот шешир каде што се Андора, Сан Марино и Лихтенштајн.
Comments are closed for this post.