Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, оствари средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во Тирана, на отворањето на „куќата на фудбалот“ на ФФ Албанија,

Нова пријателска средба, на која Инфантино изрази поддршка за работата на ФФМ и претседателот Сејдини, во план е унапредување на инфраструктурата.

„Со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, чија поддршка е секогаш добредојдена за федерации како ФФМ. Одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата. Г. Инфантино ни вети дека поддршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме иновации во овој правец“ – објави Сејдини на Фејсбук.

ФФМ најави изградба на репрезентативен спортски објект, стадион со капацитет до 12.000 седишта.