Репрезентацијата на Македонија вечерва загуби на гостувањето во Запорожје кај Украина со 3:1 во 5.коло од квалификациите за Европското првенство.

Украина ги доби првите два сета со 25:19 и 28:26, следуваа моменти на „црвено-жолтите” и радост во третиот сет по 25:23, за во четвртиот сет домаќините да го решат мечот по 25:23.

По овој пораз македонските одбојкари значително ги намалија шансите за пласман на евро-шампионатот со оглед на победата на Швајцарија против Унгарија на другиот натпревар од оваа рунда во Ф-групата.

Македонија во последното коло, на 9 јануари ќе брка максимална победа против Унгарија и ќе чека поволни резултати на натпреварите во другите групи за да биде меѓу второпласираните што ќе одат на ЕП.