УЕФА, планира да воведе нови промени во Лигата на шампиони кои се однесуваат на термините на натпрварите, пренесе германски „Bild“.
Од оваа сезона, натпреварите во Лигата на шампионите се играат од 18.55 и 21 часот, меѓутоа поради финансискиот ефект, во УЕФА размислуваат за промена на термините.
Според планот, кој првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин го изнел и на состанокот на ЕКА, се планира Лигата на шампините да се игра во сабота и во недела, а во вторник и во среда клубовите кои се дел од ова натпреварување да ги играат мечеви во националните првенства.
Андреа Ањели, претседателот на Европската клупска асоцијација, предложил и намалување на бројот на клубовите во националните лиги како полесно би се реализирала оваа идеја на УЕФА.
Причината е едноставна, доколку Лигата на шампионите се игра во викендите, УЕФА ќе заработи многу повеќе пари од продажбата на телевизиските права.
Овој предлог наскоро ќе биде разгледуван, а доколку помине, тоа значи дека промените ќе влијаат на националните првенства. Прашање е како националните сојузи ќе реагираат доколку УЕФА ги усвои промените.
Оваа идеја на Чеферин и Ањели веќе категорични ја одбиле Бундеслигата и Премиерлигата.
Comments are closed for this post.