Екипата на Интер е најголемиот губитник од последното коло во групите А, Б, Ц и Д во Лигата на шампионите. За да биде дел од осминафиналето на италијанскиот тим му требаше подобар резултат на домашен терен против холандскиот шампион ПСВ, од тој на англиски Тотенхем на гости кај Барселона. На крајот, Англичаните ремизираа со Барселона со 1:1, но тој резултат беше залуден за „неро-аѕурите“ коишто не успеаја да слават против ПСВ.

Лошта вечер за Интер беше најавена уште во 13 минута кога Ирвинг Лозано го доведе ПСВ во водство од 1:0, но во 73 минута Мауро Икарди постигна гол, што во тој момент ги водеше Италинаците во осминафиналето, со оглед на тоа шѕо тогаш Тотенхем губеше од Барселона со 1:0. Сепак, виртуелниот пласман на Интер во следната рунда траеше само 12 минути, односно до 85 минута на мечот во Барселона кога Лукас погоди за Тотенхем, го издначи резултатот против Барселона и со тоа го одведе својот тим меѓу најдобрите 16 тимови во Европа.

Во другите натпревари, ПСЖ со убедлив триумф од 4:1 на гостувањето во Белград против Црвена звезда го потврди првото место во групта Ц, додека Ливерпул во драматичен меч со многу шанси триумфира против Наполи само со 1:0, но и тој триумф  му беше доволен на актуелниот вицешампион да се пласира понатаму.

Лош резултат во групата А оствари Атлетико Мадрид, кој ремизира без голови на гости во Белгија против Клуб Бриж, со што и овозможи на Борусија Дортмунд со победа против Монако во франција да го преземе првото место во групата.

Најмалку возбудувања имаше во групата Д каде што и пред ова коло беше познато дека Порто оди вбо осминафиналето како првопласиран, а Шалке е втор.

Резултати од натпреварите

Монако – Борусија Дортмунд  0:2

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид  0:0

Барселона – Тотенхем  1:1

Интер – ПСВ  1:1

Ливерпул – Наполи  1:0

Црвена звезда – ПСЖ  1:4

Галатасарај – Порто  2:3

Шалке – Локомотив Москва  1:0

лига на шампиони, фудбал, видео