Во првиот натпревар на Светското првенство во ракомет, Македонија за противник ја има селекцијата на Шведска, а на овој меч правдата ќе ја делат Норвешките судии Ларс Јорум и Хавард Клевен.

На листата на делегирани арбитри се и нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои ќе бидат резервна судиска двојка на мечот од Ф групата меѓу Португалија и Исланд, а Драган Начевски ќе биде официјално лице на дуелот од Е конкуренцијата во кој Австрија ќе се соочи со Швајцарија.