Утринава одекна веста дека на Новак Ѓоковиќ му е укината визата за престој во Австралија. Тој непријатната вест ја добил на својот мобилен телефон.

Што ова значи.

По правило лицето на кое му е одбиена визата треба веднаш да ја напушти земјата. Но, секогаш едно „НО“.

Неговите адвокати веќе ја подготвуваат жалбата и додека не биде донесена одлуката тој има право да остане. Ќе може и да игра бидејќи организаторите му дозволија да игра на АО и тој си има проблеми со австралиските власти околу тоа дали лажел за податоците кога аплицирал за автралиска виза во делот дали две недели пред да стигне на континентот патувал некаде.