Светскиот рекет број 3 проговори за живитните навики и како ја полни енергијата за следниот меч. Ноле објасни дека спиењето e многу важно за него.

Спиењето е многу важно, веројатно поважно од било што друго кога станува збор за закрепнувањето. Се обидувам да спијам најмалку осум часа, спијам прилично цврсто. Особено ако имате некои физички задачи, вашето тело бара сон. Не си легнувам премногу рано, но не си легнувам ни предоцна. Кога имам кратки „дремења“, медитации во текот на денот, тоа брзо ми ја враќа енергијата. Понекогаш само пет минути вежбање за дишење ме исполнуваат до крајот на денот. Подготвен сум и се чувствувам добро. Ме прави среќен што имам еден ден помеѓу и доволно време да се подготвам.