Третиот рекет на светот Роџер Федерер зборуваше за неговите впечатоци од сезоната во која заврши со голем подем на Рафаел Надал.

– Тој е одличен човек, одличен играч. Кој би помислил дека 11 години откако Рафа првпат станал број 1, тој повторно ќе ја заврши годината како лидер на рејтингот. Сите велеа дека поради повредата нема да успее, нема во вистинско времеда биде во форма, а неговиот тенис беше премногу тежок. Но успеа да помине уште една неверојатна сезона, да освои два Грен слема, сега има 19 титули, изјави Федерер.

Уживав да играм со него на Лавер купот во Прага и Женева. Научив многу од него, тој е одличен шампион и одличен тенисер. Мило ми е што можеме да играме едни со други, нашите битки на Вимблдон, Ролан Гарос и Австралија беа неверојатни. Тој ќе замине во историјата како можеби најголемиот играч на сите времиња, прогнозира Федерер