Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, екипата на Шкендија, не успеа да победи ниту во третото коло од новата сезона. Овојпат тетовските „црвено-црни“ на домашен терен одиграа само 1:1 против Македонија Ѓорче Петров, што за нив е првиот освоен бод во првенството.
За разлика од Шкендија, сезонава одлично почна за освојувачот на Купот, Академија Пандев, која на домашен терен славеше лесна победа против новиот прволигаш, Борец, со 2:0.
Успешна на домашен терен беше и екипата на Струга која славеше протв Силекс со 2:1, додека Шкупи и Ренова на Чаир одиграа без победник со резултат 2:2.
Табела:
Академија Пандев 7 бода, Ренова 7, Струга 6, Македонија ЃП 5, Шкупи 4, Вардар 4, Работнички 3, Силекс 3, Шкендија 1, Борец 1
Comments are closed for this post.