Фудбалот е игра во која правилата најмалку се менувале, за разлика од кошарката и ракометот, каде и самите играчи често и не знаат дека  се воведени.Познатиот хрватски фудбалер Звонимир Бобан кој сега е во тимот на ФИФА најави неколку нови правила кои ќе стартуваат веќе во март следната година.

Најважното правило се однесува на измените. Играчот кој ја напушта играта поради измена ќе може да излезе на било кој дел од теренот, наместо како досега тоа да го направи на средината откако ќе се поздрави со соиграчот кој влегува наместо него.

Со ова ќе се добие во брзина особено ако остануваат уште дополнителните минути во кои противникот се обидува да даде гол.

Другото правило е дека секој играч, тренер, менаџер  и шеф на стручен штаб ќе може да добие жолт картон доколку приговара или се однесува непристојно.

И последното правило се однесува на изведувањето на топката од петерецот.Сега играчот ќе може да ја прими  и внатре во шеснаесетикот.