Никој во женскиот тенис не може да ja запре Игa Швионтек. Полската тенисерка ја совлада Каролина Мухова во драматичното финале на Ролан Гарос со 2:1, по сетови 6:2, 5:7, 6:4.

Најдобрата светска тенисерка со тоа ја потврди доминацијата во женскиот тенис, стигнувајќи до четвртата Грен слем титула во кариерата, а третата на Ролан Гарос.

Мухова одигра многу подобро и победи на седум од следните девет гејма, што и беа доволни за израмнување. Дека Чехинката ќе има за што да жали говори и тоа што во неколку наврати имаше брејк предност во третиот сет, но не можеше да се одбрани од новите напади на Полјаката.