Италијанските власти затворија 114 пиратски сајта кои пренесуваа натпревари од Серија А, објави „Кориере дело спорт“.

Операцијата се одвиваше под кодно име „Фри фудбал“.

Серија А е активна во борбата против пиратството и презема мерки за да спречи нелегално емитување.

  • Нашите производи, бренд и правата на навивачите мора да бидат заштитени од пиратеријата, рече Луиџи Де Сиерово, извршен директор на Серија А