Светски познатата компанија за накит „Сваровски“ реши да вложува во фудбалот. Тие купија акции во фубалскиот клуб ВГС Тирол и  од него сакаат  да направат моќен клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. За претседател ја поставија Дијана Лангес Сваровски, внука на основачот на компанијата која има големи познавања од фудбалот.

Играчите ја обожуваат Дијана, што поради убавината но и поради големите премии кои ги добија на стартот на сезозната победувајќи ја Австрија Виена со 3-1.

За ваква газдарица вреди да се бориш.