Повредениот Нејмар проследи од трибините како неговите соиграчи од ПСЖ сензационално отпаѓаат од Лигата на Шампионите по 1:3 во реваншот со Манчестер Јунајтед.

Непосредно по завршувањето на дуелот Бразилецот ги искористи социјалните мрежи за да го демонстрира својот гнев. Тој се насочи кон судиите, кои по разгледувањето на ВАР досудија пенал за игра со лакот на Кимпембе по удар на Далот.

Според Нејмар сепак одлуката е срамотна.

Тоа е срамно. Поставени се четири лица, кои не се разбираат од фудбал, да гледаат на забавена снимка пред телевизорот. Нема ништо. Каде би требало тој да ги стави рацете, напиша Нејмар.