Луксузниот и гламурозниот живот е нешто на што сме навикнати кога се во прашање избраните жени на фудбалери. Сепак, за една од нив не можеме да го кажеме тоа, а тоа е девојката на Ерлинг Халанд која во јавноста се појави во „нормално“ издание, односно без скапи чевли и облека, без премногу шминка и накит.

Не се знае многу за неа. Изабрел пораснала во Брин, каде што самиот Халанд го поминал своето детство. Таа има 18 години, а се забавува со Ерлинг од неговиот договор со Борусија Дортмунд.

Важи з скромна девојка која нема претерани барања и аспирации кон луксузен живот, што е навистина ретко во денешно време.