Љубовта кон фудбалот навистина не познава пречки. Доказ за тоа е 11-годишниот Николас од Бразил.

Тој навива за Палмеирас и секоја недела е на стадионот во дресот на омилениот клуб со неговата мајка. Но, тој не може како сите деца да го гледа натпреварот бидејќи е слеп. Поради тоа, неговата мајка седи до него и и му ги објаснува акциите.

Николас и мајка му добија награда од ФИФА за фанови на годината.