Премиерот на Бугарија Бојко Борисов доби деветти дан по олимписко теквондо, објави бугарското радио БНР.

Високото признание и одличје Борисов го доби во седиштето на тој спорт KUKKIWON во Република Кореја. БНР објави дека за да го заслужи тоа признание Борисов морал да искрши дасака со една рака.

Тој изрази благодарност за високата чест која му е укажана.

„Во Бугарија имаме добри тренери и спортисти. Многу од корејските тренери беа во Бугарија. Порано теквондото беше забрането во Бугарија не можевме да тренираме. Мислам дека принципите на теквондото се многу важни за младите, а силата треба да ја користиш за мир“, рече Борисов.