Македонскиот репрезентативец и поранешен член на Струга, Пелистер, Вардар и Металург – Наумче Мојсоски е позитивен на коронавирус.

Новиот директор на Агенцијата за Млади и спорт, се огласи на социјалните мрежи и ја потврди оваа информација.

Драги пријатели,

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19.

Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките.

Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.

Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Да празнуваме одговорно!