Јапонската тенисерка Наоми Осака го бележи најголемиот успех во кариерата затоа што се пласира во полуфиналето на Грен Слемот УС Опен, преку Лесиа Цуренко која ја совлада со 2-0 во сетови (6-1, 6-1).

Осака беше одлична и на противничката ѝ дозволи да освои само два гема. За да дојде до победа доволни ѝ беа 57 минути, по кои стана првата Јапонка во полуфинале на Грен Слем турнир по Кимико Дате по 1996 година. За Осака ова е прво полуфинале на Грен Слем турнирите.

Јапонката во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Карла Суарез Наваро и Медисон Кис.