Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ да организира егзибиционен натпревар помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал и на тој начин да го сруши светскиот рекорд кога станува збор за број на гледачи на еден тениски натпревар.
Како што пренесува дневниот весник „АБЦ“ натпреварот би се одиграл пред најмалку 80 илјади навивачи, а Надал, кој е голем фан на Реал, веќе е известен и на ова останува само да се согласи Федерер.
Моменталниот светски рекорд по бројот на гледачи на тениски натпревар го држат Серена Вилијамс и Ким Клајстерс, кои во Брисел играа пред 35 илјадна публика.
Се верува дека пред Мадрид, Федерер и Надал ќе го срушат рекордот кога во февруари ќе одиграат натпревар во Африка, каде се најавуваат 50 илјади гледачи.
Comments are closed for this post.