Меси има куќа во населбата „Бељмар“, која се наоѓа на околу 20 километри од стадионот „Камп Ноу“ и тренинг базата на Каталонците. Иако куќите во оваа населба вредат милиони, Меси својата во 2009 година ја купи за „само“ 1,8 милиони евра. Куќата била стара, па вложил многу пари во реновирање (околу шест милиони).
Вилата има неколку прекрасни тераси, погледот е волшебен. Внатрешноста е направена во медитерански стил: има светли ѕидови и дрвени подови. Насекаде има мирни, пастелни бои. Куќата има теретана, прекрасна градина, фудбалско игралиште, детско игралиште, базен..
Интересно, како што се шпекулира, Меси извесно време имал бучни соседи, се обидел да изгради ѕид за да не му пречат, но тие се заканиле дека ќе тужат. Решил да им ја купи куќата за да го реши проблемот.
Имал конфликт и со аеродромот. Во 2018 година, извршниот директор на Vueling, Санчез Приет го обвини Аргентинецот дека го запрел проширувањето на аеродромот Ел Прат во Барселона.
– Не можеш да леташ каде живее Меси?! „Па, тоа не се случува никаде во светот“, рече лутиот Санчез Прието.
Comments are closed for this post.