За време на Светското првенство во Катар планирано е да кружат софистицирани дронови даоколу стадионите и да ловат несакани летала.

Технологијата ќе ја обезбеди компанијата „Фортем“ а беспилотните летала „DroneHunter“ користат специјални мрежи.

Фортем истакнува дека нивната технологија е безбедна и ефикасна, дури и на локации каде што се очекуваат многу луѓе.

Фатените беспилотни летала ќе се приземјуваат со помош на мрежа и дополнителен падобран, така што нема ризик од удар.Помалите авиони, исто така, може лесно да се транспортираат на друга локација, без закана.

Целите се идентификуваат со радарски систем инсталиран во целната област, по што се активираат DroneHunters.