Поразот на Надал на Австралија опен го одбележа дуелот со Србинката која ја делеше правдата – Маријана Вељовиќ.

Шпанскиот тенисер беше предупреден од судијата дека доцни со сервисите, на што Рафа му даде забелешка дека немал доволно време за сите ритуали пред сервирањето и дека многу се брза.

Особено се пожали дека крпата со која сакал да се исуши е далеку.

Одам да земам крпа, се вртам и гледам како часовникот одбројува „пет, четири…“, со тебе е секогаш исто! Се е во ред. Еве го, пешкирот е таму, не можам да го поднесам секој пат, а тоа е во најоддалечениот агол од теренот“, се пожали Шпанецот.