Македонската ракометна репрезентација без ниту еден освоен бод го заврши учеството во Ф-групата на Светското првенство 2023. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со 26:35.

Ова беше натпревар кој директно одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи во Главната групна фаза.

И покрај најавите дека „црвено-жолтите“ по двата убедливи пораза имаат сили за позитивен резултат, на теренот ништо поразлично од средбите со Норвешка и Холандија, а и резултатот на полувреме беше идентичен 11:18.
Аргентина во второто полувреме без проблем ја одржуваше високата предност и го приведе резултатот кон сигурна победа.

Филип Талески со пет, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со по четири погодоци беа најефикасни во македонскиот тим, Диего Симонет со осум гола се истакна кај победниците.

Во дербито на групата вечерва од 20:30 часот се среќаваат Норвешка и Холандија, двете селекции кои заедно со Аргентина одат во Главната групна фаза.

Нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 25 – 32. место во т.н. Пезидент куп. 

Селекторт Лазаровна прес-конференција посочи дека не е задоволен од она што го виде на теренот. Ќе мора уште многу да се работи за да достигне некое ниво кое ќе носи победи.

„Честитки до Аргентина, ја заслужија победата. Можеби ова е реалноста, пред почетокот на светското првенство подобро котираше од нас. Во овој момент е подобра од нас, видовме дека оваа Македонија со осум млади играчи, кои се за првпат на големо првенство, ќе мора да работат многу за да бидат добри. Очекував дека ќе изгубиме три гола, но трипати да се изгуби ваква разлика не е ралност. Притистокот кој го имаат на ова првенство, не знаат да се носат со тоа. Не сум задоволен, мора да работиме многу ако сакаме да направи новата генерација како порано“, изјави Лазаров.